Совети за продавачите

Пред да се одлучите да продадете:

  1. Најдете добра и проверена агенција на која ќе и верувате;
  2. Проверете дали имотот има некакви обврски (пр. Хипотека), посебно во случај на наследство;
  3. Одредете ја цената на пазарот;
  4. Одредете колку ќе Ве чини ангажирањето на агенцијата како посредник;
  5. Одстранете ги нештата кои ќе ја намалат вредноста на Вашиот имот;
  6. Договорете се со агенцијата да бидат објавени слики од Вашиот имот во нивната понуда.

Неколку причини кои треба да се елиминираат:

  1. Нечистиот пристап до Вашиот објект;
  2. Скршени скали;
  3. Разрушена фасада;
  4. Молци, глувци, бубашваби, пајаци и сл. ;
  5. Влажни и несредени подруми;
  6. Скршени стакла;
  7. Покрив и тавани кои протекуваат;
  8. Недовршени градежни работи.

Дополнителни ситници кои може да го одвратат потенцијалниот купувач од купување на Вашиот имот:

  • Непријатен мирис од цигари, готвење, од домашни миленичиња или сл.
  • Контролирајте ги Вашите домашни миленици доколку се во објектот што го продавате. Доколку сте во можност најдобро е да истите  не се присутни додека купецот е во разгледување на истиот;
  • Исчистете го купатилото;
  • Темните простории ги одвраќаат повеќето купувачи;
  • Постерите кои Вие ги сакате може да не се по вкусот на купецот;
  • Додека купувачот го разгледува Вашиот имот, дозволете да го води агентот, дури и ако сте во можност, немојте да сте присутни во моменти на презентирање.