Совети за купувачите

При купувањето на недвижнини секојдневно се среќаваат клиенти кои се незадоволни од извршената купопродажба. Чувството на измаменост и непријатните ситуации, може да се избегнат доколку претходно во процесот на барање на Вашиот иден имот, обрнете внимание на неколку наизглед небитни моменти, кои верувајте сите купувчи ги доживуваат и со нив се сретнуваат. Вие не сте исклучок!

  • Пред се проверете дали продавачот има важечки имотен лист  (Законски сопственик или сопственици, квадратура, право на сопственост/право на користење...)
  • Најдете добра агенција која зад себе има задоволни клиенти. Купувањето со посредство на агенција (добра агенција), ќе ви заштеди многу време, труд и непотребни нервози.
  • Следете ги Вашите чувства. Доколку нешто не ви е пријатно, понатаму само ќе станува полошо.
  • Сите прашања што ги имате поставете ги пред да го склучите договорот.
  • Не “паѓајте” на ”се ќе се среди”,  ”нема никаков проблем само Вие потпишете”. Или уште полошо, никако несмеете да исплатите 100% од цената пред да недостатоците кои сте ги забележале, не бидат комплетно одстранети.
  • Осигурајте се за квалитетот на изведбата на поправките.
  • При потпишувањето на договорот осигурајте се дека ги имате сите документи.
  • Никогаш не потпирајте се на усни договори.

 

Доколку купувате или изнајмувате стан, куќа или деловен простор проверете: 

  1. Дали сите претходни сметки се платени.
  2. Проверете ја електричната, водоводната, телефонската инсталација, како и целата друга комунална инфраструктура.
  3. Проверете ја состојбата на вратите и прозорите.
  4. Проверете го покривот, плафонот и подот.
  5. Не секогаш новата градба функционира.
  6. Доколку имотот е наместен проверете ја состојбата на мебелот.
  7. Лично уверете се дека сервисот е извршен квалитетно.