Приватност

Imoti.com.mk презема најголеми мерки за да се заштити приватноста на своите корисници.

Imoti.com.mk се обврзува дека добиените податоци од своите корисници ќе ги користи со добра намера, со други зборови, дека нема да се дистрибуираат приватни информации, ниту продаваат на трети лица, без дозвола на корисникот.

Imoti.com.mk може, во согласност со закон, да собира некои податоци за своите корисници добиени при користење на порталот (исклучиво податоци за компјутерот и интернет-провајдерот) или податоци внесени во текот на процесот на регистрација. Imoti.com.mk ги користи овие податоци со цел да се информира за своите корисници, и на тој начин, да се подобри содржината на порталот и да се адаптира на потребите на јавноста која го посетува.

Imoti.com.mk ги презема сите потребни организациски, административни, технички мерки за заштита нан вашите лични податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап,нивна објава, промена или уништување. Imoti.com.mk ги користи личните податоци во согласност со Законот на заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија.

Imoti.com.mk има обврска да ја заштити приватноста на корисниците на порталот, освен во случај на сериозни прекршувања на правилата на Imoti.com.mk портал или незаконски активности од страна на корисникот.

Imoti.com.mk не презема никава одговорност за точноста на податоците ниту на огласувачат ниту на пораките од посетителите на страната.

Imoti.com.mk го задржува правото за промена на овие правила без претходна најава.