Pages: 1 2 3 4 >>

26/07/12

Permalink 02:31:00 pm, by imotimk Email , 1 words   English (GB) latin1
Categories: Main Category

НАЈНОВА ИДЕЈА: ГРАДОВИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ЦЕЛИ НОВИ НАСЕЛБИ

НАЈНОВА ИДЕЈА: ГРАДОВИТЕ ЌЕ ГРАДАТ ЦЕЛИ НОВИ НАСЕЛБИ

Соња Јованова-Наумовска

Најнова идеја: градовите ќе градат цели нови населби

Изградба на нови населби стана вистински “хит“ во градовите низ Македонија. Градоначалниците почнаа забрзано да носат урбанистички планови, а градежните компании се заинтересирани за изградба на станбени и трговски комплекси надвор од Скопје.

Вкупно 170 градежни локации се слободни низ државава, а се наменети за изградба на туристички и спортски центри, станбени комплекси, забавни паркови, спа центри, хотели, трговски центри... Министертството за транспорт веќе планира да ги вметне локациите во брошури, преку кои ќе ги нуди на сранските инвеститори за на нив да градат цели населби. 
Прилеп е првата општина која има донесено урбанистички план за изградба на цела станбена населба. Станува збор за површина од 42 хектари, наречена “Градина“. Градоначалникот Марјан Ристески веќе го претстави планот пред бизнисмени, банкари и градежни фирми, најавувајќи дека населбата ќе може да вдоми околу 13.000 жители. Првите 14 парцели ќе се продаваат по цена од едно евро за метар квадартен.
“Станува збор за голема модерна европска населба, мал град, со индивидуални куќи, станбени  и деловни згради, училиште, градинка, јавен урбанизиран простор и се што му е потребно на еден град со централно греење“, објаснува градоначалникот Ристески.
Населбата ќе има вкупно 368 парцели за куќи на два ката и потпокрив, 24 за згради на девет ката, седум парцели се за деловни објекти и угостителство.
Според градоначалникот, интерес за изградба на објектите имало и од домашни и од странски градежни компании, од кои сериозно заинтересирана веќе била една турска градежна компанија.  
Засилени градежни активности се најавуваат и во останатите градови, што докажува дека не е само Скопје во градежна станбена ренесанса. Неодамна и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, објави дека ќе носи нов Детален урбанистички план за локацијата во близина на Домот на АРМ, каде е предвидено да се градат разни објекти.
“Подготвуваме нов детален урбанистички план бидејќи има заинтересирани инвеститори кои ќе внесат и нови содржини на локацијата во овој дел на градот. Препорачав во планот да се вклопи и Домот на АРМ за да добие поголема вредност“, вели Талески.
Министерството за транспорт постојано распишува објави за продажба на неизградено земјиште на 160 локации во повеќе општини. Објавите за поатрактивните локации ги презентираат и економските промотори во странство, а дел од нив се објавени и во меѓународни весници. Очекувањата се дека најголем дел локации ќе се продадат и покрај економската криза. Покрај овие, Комитетот за градежна експанзија анализира уште 300 дополнителни локации низ целата држава, кои исто така ќе бидат понудени на продажба.
И општина Гевгелија објави дека продава земјиште за изградба на хотелски, стопански и трговски комплекси. Во Штип во тек е изградба на четири згради со вкупно 298 станови. Според градоначалникот Зоран Алексов, инвеститори има и за актуелните, но и за нови градби. Во Струмица, на влезот во градот се гради станбено-деловен блок со осум згради, во населбата Парк. Вистинска градежна експанзија се случува и на местото на поранешната струмичка касарна. Таму полека никнува нов миниград. На 40 хектари веќе е почната изградба на станбен блок за 1.600 жители, а ќе се градат и пензионерски дом, градинка, црква, училиште, студентски дом, образовни, културни и здравствени организации и установи.

 

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86741/najnova_ideja__gradovite_kje_gradat_celi_novi_naselbi.aspx

 

25/07/12

Permalink 03:54:00 pm, by imotimk Email , 1 words   English (GB) latin1
Categories: Main Category

Цените на недвижностите вртоглаво паѓаат

Економската криза го доведе во тешка состојба пазарот на недвижности во југоисточна Европа. Кризата на тој пазар трае уште од крајот на 2008 година.

Целосно гледано, во регионот вредноста на недвижностите од тогаш падна од 30 до дури 50 отсто.

Од Грција до Романија плановите за изградба на индустриски и туристички проекти се одложени, а тие што беа почнати се прекинати. Кризата која се уште трае значи дека одложени се многу градежни планови на многу компании.

На пример пред пет години Црна Гора имаше невиден развој на градежништвото и пазарот на недвижности. По прогласувањето на независноста во 2006 година следеше голем интерес кај купувачи од Русија за недвижности во земјата, што ги зголеми цените, така еден метар квадратен во Подгорица достигна 1.000 евра, а во црногорското крајбрежје и до 2.500 евра. Цените сега во нај елитните локации на црногорското приморје паднаа дури за 80 отсто.

Во Србија се градат само проекти кои ги финансира државата, а приватните инвеститори градат многу малку. Претседателот на Комисијата за градежништво на Стопанската комора на Србија Горан Родиќ вели дека во предградието се градат мали згради со неколку станови, а поради кризата дури падна и цената на луксузните станови на најпрестижните локации.

Бугарскиот пазар на недвижности, кој до пред неколку години доживеа голем развој, од 2008 година трпи голема криза. Цените на недвижностите во Бугарија паднаа во просек за дури 42,8 отсто, а најголем пад има во Софија со 45,6 отсто.

Според официјалната статистика, цените на недвижностите во Бугарија паднаа во првиот квартал оваа година па на крајот на март просечната цена на метар квадратен на стан изнесуваше 452 евра. Минатата година просечните цени беа 463 евра, а во 2008 година 697 евра.

И во Букурешт помалку се гради, поналку од издадените одобренија за градење, пред се поради големиот број непродадени станови. Цените на кириите на становите во Букурешт се намалија поради кризата, од 50 до 60 отсто.

Како и во другите земји во регионот, така и во Грција десетици илјади недвижности чекаат купувачи. Продажба нема ни откако цената значително падна, а трговците на недвижнини ги нудат своите поволни услови за купување. Во понуда се дури околу 25.000 луксузни вили.

Македонија е единствена земја во која кризата не ја прекина изградбата на недвижности, цените не се намалуваа, посебно во центарот на Скопје. Цената на метар квадратен на стан во главниот град на Македонија е од 1.000 до 2.000 евра, а најлуксузните станови достигнуваат цена по квадрат и до 1.800 евра.

http://denesen.mk/web/2012/07/25/cenite-na-nedviznostite-vrtoglavo-pagjaat/

23/07/12

Permalink 01:04:00 pm, by imotimk Email , 1 words   English (GB) latin1
Categories: Main Category

Колку ќе чини метар квадратен во скопски „Менхетн“?

Турскиот инвеститор на скопски „Менхетн“, „Џевахир Холдинг“ во општината Аеродром ги постави темелите на четирите највисоки кули во земјава, кои ќе се простираат на 33.000 метри квадратни. Проектот се состои од 1376 станбени објекти и трговски центар, а истиот претставува еден од најголемите проекти на Балканот.
 

Проектот се состои од 4 кули, секоја од по 42 ката во висина од 130 метри и трговски центар. Во нив ќе живеат околу 5.000 луѓе, а се предвидува фрекфенција на плус околу 3.000 луѓе дневно, а се очекува вкупната инвестиција да достигне 300 милиони евра, што ќе претставува најголема странска инвестиција во Македонија во делот на изградбата на станбено-деловни комплекси.

 
На поставувањето на камен темелникот присуствуваа претседателот на компанијата Џевахир, премиерот Никола Груевски, владини министри, градоначалници, турскиот амбасадор во земјава.
 
„За аеродромот „Александар Велики“ во Скопје имаше многу наслови во медиумите дека нема да се реализира, како и за висококатниците дека нема никогаш да се случат, но времето покажа нешто друго, односно аеродромот е веќе изграден и се гордееме со него, а денеска официјално почнува изградбата на четири висококатници во Скопје“, рече Груевски. Џевахир истакна дека проектот ќе биде реализиран за 36 месеци, а посочи дека главен „виновник“ за истиот е премиерот Никола Груевски, кој му ги презентирал можностите за инвестирање и го убедил да се реализира оваа инвестиција.
 
Но она што никој не го спомена е колку ќе чини метар квадратен станбен простор во овие луксузни згради. Доколку земеме превдид дека цената на метар квадратен во новите згради во Скопје кој се далеку помалку луксузни чини од 1.000 до 3.000 евра, тогаш можеме да претпоставиме колку ќе чини метар квадратен станбен простор во овој комплекс. Се што ни останува е да се надеваме на разумност кога ќе се креираат пазарните цени, имајќи во предвид дека ќе сведочиме на невиден комплекс згради на Балканот. Жалосно би било да останат празни!


MNOGOO

19/07/12

Permalink 10:43:00 am, by imotimk Email , 1 words   English (GB) latin1
Categories: Main Category

Груевски до иселениците: Инвестирајте во Македонија

Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонијана денеска и утре во Скопје се одржува Третата годишна конференција на иселенички организации.

3453456-5000

Ова е најголема конференција на иселенички организации која што се одржала било каде и било кога.

На истата присуствуваат претставници од 140 иселенички организации од четири континенти.

Иселеничките организации се од верска, образовна, економска и од дурги друга област и дејствуваат како локално така и глобално насегаде во светот каде што има Македонци.

Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните истакна дека дијаспората е нараскинлив дел од Македонија, а чуството за Македонија не е нималку заборавено.

- Македонската дијаспора претставува значаен и нераздвоен дел на секоја држава. Вашата истрајност во негувањето, развивањето и афирмацијата на македонскиот национален, културен, јазичен и духовен идентитет го потврдивте во повеќе наврати преку вашите активности во бројните здруженија, црковните општини, културни друштва, хуманитарни организации, спортски клубови, играорни друштва и слични организации. Тие повеќе од сите други сведочат дека чувството за македонските корени не е ниту малку заборавено, напротив дека е широко распространето насекаде низ светот каде живеат Македонци, истакна премиерот и додаде дека негувањето и унапредувањето на врската на Македонците од дијаспората со својата татковина, како и нивната инволвираност во развојот на земјата се едни од најзначајните интереси и приоритети на Владата.

Тој изрази благодарност до сите организации кои што протестираат и лобираат во странство за заштита на идентитетот и јазикот кој што и во 21 век е на удар од страна на Грција.

Во време кога се уште не е затворено македонското прашање, кога се уште постојат некои сили кои, како што рече, се уште се надеваат дека ќе успеат да го разнебитат чувството на македонскиот народ вашата поддршка е од големо значење. - Вие сте ослободени од стегите на секојдневието и отворено протестирате и се борите за зачувувањето на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик, на македонската националност и уставно име, истакна премиерот Груевски обраќајќи се пред иселениците.

Груевски презентирајќи ги реформите кои што се направени во последниве неколку години како и рангирањето од Светска банка на 22 место за водење на бизнис во Светот, ги повика иселениците да инвестираат во Македонија.

-Вратете се во Македонија да живеете. Во инситутциите ќе најдете партнер за вложување и инвестирање и на тој начин ќе ја направиме државата посилна и поразвиена, истакна Груевски пред македонските иселеници.

Инаку активностите на Владата од изминатиот период, за иселениците во странство да се попишуваат како Македонци од Република Македонија, вродија со плод, истакна директорот на агенцијата за иселеништво на Македонија, Васил Наумов.

Тој додаде дека на последниот попис во Австралија се запишале близу 100.000 Македонци, а со нетрпение ги очекуваат и резултатите од Канада.

Република Македонија, како што Наумов, има интерес иселениците да се интегрираат што повеќе во општествата во кои живеат, но и да го зачуваат својот идентитет, јазик и култура. Тој ги повика иселениците активно да лобираат за негување на јазикот.

На конференцијата која е во организација на Агенцијата за иселеништво, ќе се дебатира за мајчиниот јазик, зачувувањето на културата, државјанството, а ќе биде организиран и мини бизнис форум.

На конференцијата присуствуваа и пратениците од дијаспората, пратеникот Влатко Ѓорчев, министерот за надворешни работи Никола Попоски и други државни функционери.

 

Kurir.mk

17/07/12

1 2 3 4 >>

Прв Македонски Портал за Недвижности

Search

Linkblog

powered by b2evolution free blog software