Саздов Инженеринг

Саздов Инженеринг

Нашите објекти се пример за сигурност, квалитет и професионалност. Со стекнатото градежно искуство од над 40 години, како во земјата така и надвор од Македонија, “Саздов Инженеринг” континуирано го подобрува својот изведбен квалитет и се труди да постави нови стандарди за градење во нашата земја.

Професионалното работење е критериум кој не одржува и воедно ни овозможува здрав раст и развој. Во нашата фамилијарно орентирана фирма, со постојан тим на вработени, својот развој го темелиме исклучиво со сопствен капитал, знаење и вештина. Финансиската стабилност и немање потреба од туѓ капитал за изведба на нашите објекти ја потврдува нашата веродостојност.

Пред се веруваме во задоволни купувачи и инсистираме на професионално, одговорно и навремено извршување на обврските кон нашите клиенти и соработници. Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно и еколошки одговорно домување, ставајќи главен акцент на сигурноста, енергетска ефикасност на објектите, намалување на негативните влијанија врз животната средина и штедење енергија со употреба на квалитетни градежни материјали и вградена опрема.

Со континуирано следење на современите технологии и модели на градење како во земјата така и во станство, постојана соработка со иновативни компании во областа на градежништвото и инвестиција во најквалитетни градежни материјали со одлични термички, акуситични и хидроизолациски својства, “Саздов Инженеринг”  гради домови по врвни стандарди.

Материјалите и опремата која ја вградуваме се исклучиво од брендирани европски и светски производители за чиј квалитет гарантираат производителите и дистрибутерите на истите. За да ги постигнеме своите самопоставени високи стандарди за квалитет, “Саздов Инженеринг” има свој стручен и лиценциран кадар за надзор при изведба на објектите кој сукцесивно го контролира и кординира квалитетот при градењето.

Градиме како за себе!



Видете ги нашите имоти