MOZNOSTI Ohrid

Можности Охрид

 Пролет '98-ма започнавме со визија, две година подоцна стана семејна дејност: "Посредување во промет со недвижности" позната на пазарот како Агенција за недвижности "МОЖНОСТИ" Охрид ДООЕЛ.

Носител на дејноста е Венко Наумоски, дипл. правник со Сертификат за брокер-менаџер од Фебруари 2000та година, кога Агенцијата стана членка на МААН (Македонска асоцијација на агенции за недвижности).

Нашата мисија е: "Да го подобриме животот и работата на луѓето преку продажба односно стекнување недвижност".

Среќни сме што помогнавме стотици клиенти да склучат купопродажни трансакции; да ги остварат своите лични, семејни и деловни планови.

Согласно изреката: "Биди добар во нешто" се специјализиравме во една единствена дејност - посредување во купопродажба на недвижности на територија на општина Охрид.

Во врска со тоа ги даваме сите правни фактички услуги: од Писмо на намери или Преддоговор до Договор, како и постпродажните активности - заклучно со упис на промената во Кататар за Имотен Лист на име на купувачот.

 БЛАГОДАРНОСТ до сите наши клиенти што реализираа трансакци, што не препорачуваа и помогнаа во нашиот професионален развој.

 Венко Наумоски

директор



Видете ги нашите имоти