Агенција за недвижности Хачико Охрид

Агенција за недвижности Хачико Охрид

Хачико 2012 е Агенција за недвижности која работи со купопродажба и изнајмување на недвижнини. Ние веруваме дека чесното работење и одличната соработка со клиентите е витално за нашиот успех во работењето со недвижности – без разлика дали изнаjмувате, го купувате вашиот нов дом и имот или сте претставници на странска организациjа што сака за изнаjми, купи или да инвестира во недвижност. Во секој случај ние ќе ви го посветиме сето наше внимание и труд. Исто така кај нас ќе доиете правна поддршка, правна анализа на документи за сопственост на имотот и правни совети кои се однесуваат на инвестирање во недвижнини како и целосна подготовка на договори за купопродажба и закуп.

Нашиот пристап кон клиентите е дефиниран со одговорност, точност и високо квалитетна услуга според барањата на нашите клиенти, како и моментална состојба на пазарот. Нашите клиенти се наши приjатели, ние ви го посветуваме целото наше внимание и работиме напорно да одговориме на сите ваши барања, токму нашата агенција е местото од каде што треба да ја започнете вашата потрага по дом, независно дали сакате да продадете, изнајмите или купите имот. Ние ги имаме потребните алати за да ви помогнеме да донесете сигурна и добра одлука.

Во нашата понуда се вклучени луксузни апартмани, станови и куќи, плацови, земјоделско земјиште на различни локации како во Охрид така и низ цела Македонија, а нашиот професионален тим ќе ви помогне да најдете и категоризирано приватно сместување во Охрид кое најмногу ќе ви одговара на Вашите потреби.

Купувањето и инвестирањето во недвижен имот е комплексен бизнис, а истовремено и активност која одзема време. Со цел да си ја олесните работата, се што треба да направите е да ја контактирате Агенцијата за недвижности Хачико 2012 каде ќе ја завршат работата за вас. Со цел наjдобро да ги исполниме вашите потреби од областа на недвижностите, ние создадовме дата база со наjпрецизно и наjмоќно пребарување, каде што Вие самите ќе можете да пребарувате, нашите вработени, професионалната и пријателска услуга, нашите постојани клиенти- сето ова ни овозможува да ги имаме и понудиме најдобрите и најсвежите информации и недвижности.

 

Ваш најдобар партнер, Агенција Хачико

070775094



Видете ги нашите имоти